Добра вест за Артета: Наскоро се враќа најдобриот играч на терените

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Добра вест за Артета: Наскоро се враќа најдобриот играч на терените

Микел Артета потврди дека Букајо Сака е многу блиску до враќање на терените, што е одлична вест за Арсенал. Младиот англиски фудбалер не е во строј од крајот на минатата година поради повреда на задната ложа, по што мораше да се подложи на операција. Сепак, сега влегува во завршната фаза од рехабилитацијата. „Напредува одлично и направи голем чекор кон враќање. Ќе процениме кога точно ќе може да се врати на терен и да ѝ помогне на екипата“, изјави Артета. Арсенал во моментов е целосно фокусиран на Лигата на шампионите, особено бидејќи Ливерпул има значителна предност во битката за титулата во Премиер лигата. Клучно за „топџиите“ е Сака да биде подготвен за натпреварот против Реал Мадрид на 8 април, додека реваншот во шпанската престолнина ќе се одигра една недела подоцна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.