Дортмунд тоне во Бундеслигата, поразен и од Лајпциг (ВИДЕО)

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дортмунд тоне во Бундеслигата, поразен и од Лајпциг (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд продолжи со разочарувачките настапи во домашниот шампионат, забележувајќи го својот 11. пораз во 26 одиграни натпревари. РБ Лајпциг, кој исто така се соочува со предизвици оваа сезона, но сепак стои подобро од Дортмунд, триумфираше со 2-0. Погодоците беа распределени во двете полувремиња – првиот го постигна Симонс во 18-тата минута, додека Опенда во 48-та минута го потврди триумфот. Со оваа победа, „биковите“ стигнаа до својата 11. победа во Бундеслигата и со 42 освоени бода се наоѓаат на 5. позиција, вклучени во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Од друга страна, Дортмунд тоне во долниот дел од табелата, моментално е на 11. место со само 35 бодови, на осум кола до крајот на сезоната.

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.