March 15, 2025 | | Македонија
Масар Омерагиќ денеска и официјално беше избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија со мандат од четири години. Веднаш по назначувањето, истакна дека главен приоритет ќе биде подобрување на терените, бидејќи само така може да се подигне нивото на фудбалот. „Не планираме изградба на трибини и пасивна инфраструктура, бидејќи тоа нема директно влијание врз играта. Фокусот ќе биде на обновување на терените, особено во клубовите од Првата и Втората лига, со цел да се создадат подобри услови за натпревари и да се вратат навивачите“, нагласи Омерагиќ. Тој исто така најави дека ќе се организираат натпревари на македонските репрезентации и надвор од Скопје, со што се сака да се вклучат повеќе градови во фудбалските активности. Како еден од првите чекори, Македонија У21 ќе го одигра својот дуел против Италија У21 во Битола. Покрај Битола, во иднина селекциите ќе настапуваат и во градови како Штип, Тетово и други. Омерагиќ уште пред три месеци изрази незадоволство од состојбата во која се наоѓа Фудбалската Академија на ФФМ, нарекувајќи ја нефункционална и потенцирајќи дека размислува за нејзино затворање. „Ситуацијата е непроменета од мојот прв брифинг. Не гледам причина Академијата да продолжи во овој формат. Децата тренираат, но не играат натпревари, а без натпреварување не можат да напредуваат. Буџетот е пробиен, има многу недостатоци и ќе мора да донесеме брза одлука. Најверојатно ќе предложам затворање на оваа структура“, објасни претседателот на ФФМ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |