ФФМ ги одложи сите фудбалски натпревари и изрази сочувство по големата трагедија во Кочани

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ ги одложи сите фудбалски натпревари и изрази сочувство по големата трагедија во Кочани

ФФМ ги одложи фудбалските активности кои требаше да се случат во текот на денешниот ден по големата трагедија во Кочани. Федерацијата изрази огромоно жалење за оваа трагична несреќа во која починаа најмалку 51 лице. „Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка. Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, стои во соопштението на ФФМ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.