Луиз Диаз реши да го напушти Ливерпул и да се пресели во Шпанија

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Луиз Диаз реши да го напушти Ливерпул и да се пресели во Шпанија

Луиз Диаз, еден од најистакнатите играчи на Ливерпул, на крајот на сезоната ќе ја напушти екипата, бидејќи веќе постигнал договор за личните услови со Барселона. Веќе извесно време се шпекулираше за неговото заминување од „црвените“, а овие информации добија дополнителна тежина по објавата на реномираниот новинар Фабрицио Романо. Иако деталите за неговиот договор со каталонскиот гигант сè уште не се откриени, Барселона допрва треба да започне официјални преговори со Ливерпул. Колумбискиот фудбалер пристигна на „Енфилд“ во 2022 година, откако претходно настапуваше за Порто.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.