Србија во знак на солидарност со Македонија: Минутa молк на сите натпревари

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Србија во знак на солидарност со Македонија: Минутa молк на сите натпревари

Сите денешни натпревари во српската Суперлига и Првата лига ќе започнат со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во трагедијата што ја потресе Македонија, објавија од Сојузот на фудбалски клубови. Според официјалните податоци што ги сподели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најмалку 59 лице го загубиле животот во стравичниот пожар што изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани во раните утрински часови за време на концерт. Македонското Министерство за здравство информираше дека 152 лица се здобиле со повреди и во моментов се згрижени во болниците низ целата земја. Инцидентот се случил за време на концерт на хип-хоп групата ДНК, кога пиротехнички средства на сцената предизвикале пожар кој брзо се проширил низ објектот. ФОТО: Reuters

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.