Трагедија: Почина фудбалерот Андреј Лазаров кој настапуваше за Шкупи

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Трагедија: Почина фудбалерот Андреј Лазаров кој настапуваше за Шкупи

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров, кој беше хоспитализиран поради сериозните повреди здобиени во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани, за жал почина. Иако клубот претходно соопшти дека тој се наоѓа на интензивна нега и дека не е во животна опасност, неговата здравствена состојба нагло се влошила, што доведе до трагичен исход. Лазаров во текот на својата кариера играше за неколку македонски клубови, вклучувајќи ги Металург, Работнички и Тиквеш, а исто така имаше интернационални настапи во хрватските екипи Рудеш и Горица. Тој го загуби животот на само 25-годишна возраст.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.