Шкупи: Лазаров се задушил спасувајќи животи!

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкупи: Лазаров се задушил спасувајќи животи!

Фудбалскиот клуб Шкупи ја потврди трагичната вест за смртта на Андреј Лазаров, кој го загуби животот во обид да помогне во хаосот што настанал во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според информациите од клубот, Лазаров храбро се обидувал да извлече други лица од зафатениот објект, но на крајот се задушил од густиот чад. „Тој несебично се бореше да ги спаси останатите, покажувајќи огромна храброст и човечност до последен момент. Неговиот подвиг ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како сведоштво за неговата благородност и големо срце“, напишаа од Шкупи. Лазаров почина на 25-годишна возраст, а во својата кариера настапуваше за Металург, Работнички, Тиквеш, како и за хрватските клубови Рудеш и Горица.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.