March 16, 2025 | | Македонија
Во денешната трагедија што ја потресе Македонија, згасна уште еден млад спортски живот. Според информациите на штипската телевизија МНет, меѓу жртвите се наоѓа и 18-годишниот голман Дамјан Танески, кој настапувал за неколку клубови од регионот. „Во страшниот пожар што избувна ноќеска во дискотеката во Кочани, животот го загуби младиот голман Дамјан Танески од Штип. Многу млади луѓе страдаа во оваа трагедија, а Танески, кој имаше светла иднина пред себе, е еден од нив. Неговата кариера штотуку започнуваше, бранеше за Мал Ајакс од Штип, беше дел од младинските категории на Вардар, а играше и за Брегалница и Кит Го од Пехчево“, објави телевизијата МНет.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |