Нов тежок пораз на Јувентус, овојпат од Фиорентина (ВИДЕО)

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов тежок пораз на Јувентус, овојпат од Фиорентина (ВИДЕО)

Јувентус продолжува со разочарувачки резултати, откако по дебаклот против Аталанта (0-4) на домашен терен пред една недела, сега загуби убедливо и на гостувањето кај Фиорентина со 3-0. Тимот од Торино во рок од седум дена прими дури седум голови, без да постигне ниту еден. Головите за триумфот на Фиорентина ги постигнаа Гусенс, Мандрагора и Гудмундсон. По овој пораз, „старата дама“ останува на петтото место со 52 бода, еден помалку од четвртопласираната Болоња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.