Стефан Ристовски понуди помош: Ако можам да помогнам, контактирајте ме! (ФОТО)

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Стефан Ристовски понуди помош: Ако можам да помогнам, контактирајте ме! (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, испрати порака преку социјалните мрежи, нудејќи поддршка на сите семејства чии блиски се лекуваат во Загреб по трагедијата во Кочани. Голем број од повредените се транспортирани во соседните држави, вклучувајќи ја и Хрватска, а играчот на Динамо Загреб истакна дека е подготвен да помогне на секој можен начин. „Стојам на располагање за секого што пристигнал во Загреб заради лекување на своите најблиски. Доколку можам да помогнам на кој било начин, слободно пишете ми во порака во било кое време“, напиша Ристовски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.