Леверкузен губеше 3-1, но во свој стил славеше со 4-3! (ВИДЕО)

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Леверкузен губеше 3-1, но во свој стил славеше со 4-3! (ВИДЕО)

Баер Леверкузен приреди спектакуларен пресврт и стигна до победа од 4-3 против Штутгарт во последниот натпревар од 26. коло на германската Бундеслига. Иако тимот на Алонсо влезе во дуелот со три последователни порази и без постигнат гол на тие натпревари, изгледаше дека негативната серија ќе продолжи, бидејќи до 68. минута губеше со 3-1. Сепак, актуелниот германски шампион потсети на своите најдобри денови и со три брзи погодоци, два од нив во 88. и 94. минута, направи целосен пресврт за големо славје. По оваа победа, Леверкузен има шест бода помалку од лидерот Баерн Минхен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.