ПСЖ е премоќен за Марсеј, предноста е сега +19! (ВИДЕО)

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ е премоќен за Марсеј, предноста е сега +19! (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен извојува сигурна победа од 3-1 во дербито на 26. коло од Лига 1 против Олимпик Марсеј. Иако натпреварот носеше епитет на дерби, домаќините на „Паркот на принцовите“ лесно стигнаа до трите бода. Парижаните играат одлична сезона и со убедливи настапи сигурно чекорат кон уште една титула во Франција. Осман Дембеле го отвори резултатот во 17. минута со погодок за 1-0, а до полувремето Нуно Мендеш зголеми на 2-0. Марсеј успеа да намали на 2-1 преку Амин Гури на почетокот од вториот дел, но автоголот на Пол Лирола во 76. минута го запечати триумфот на ПСЖ. ПСЖ сега има дури 68 бодови, а Марсеј 49.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.