Меси заработи повреда и нема да игра против Бразил и Уругвај

March 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси заработи повреда и нема да игра против Бразил и Уругвај

Лионел Меси, аргентинската фудбалска икона ќе го пропушти мартовскиот квалификациски циклус за Светското првенство. Капитенот на Аргентина нема да биде во составот за дерби-натпреварите против Уругвај и Бразил, бидејќи се здоби со мускулна повреда во дуелот меѓу Интер Мајами и Атланта Јунајтед. Иако успеа да се запише во листата на стрелци, повредата го спречува да му помогне на својот национален тим во овие важни пресметки. Аргентина моментално е лидер во јужноамериканските квалификации со 25 освоени бода. Светскиот првак најпрво ќе гостува кај Уругвај на 22 март, а потоа, четири дена подоцна, ќе го пречека големиот ривал Бразил.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.