March 17, 2025 | | Свет
Барселона и Осасуна одбија да играат на 27 март, датумот што го одреди Ла Лига за нивниот одложен натпревар. Првично, дуелот беше одложен поради трагичната смрт на лекарот на каталонскиот клуб. Ла Лига одлучи по еднонеделни размислувања, но одлуката предизвика незадоволство кај двата клуба. Барселона протестира затоа што би настапила без јужноамериканските фудбалери Рафиња и Араухо, кои имаат репрезентативни обврски ден порано. Осасуна, пак, се соочува со уште поголем проблем – само 24 часа подоцна треба да гостува кај Атлетик Билбао на „Сан Мамес“. Каталонскиот клуб најави жалба, додека Осасуна категорично одби да прифати ваков распоред. Сега, пред Ла Лига стои предизвик да најде алтернативен термин, што ќе биде комплицирано бидејќи Барселона има густ распоред и единствен слободен период би бил средината на мај, меѓу последните две кола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |