March 17, 2025 | | Македонија
Македонските репрезентативци денеска се собраа во хотелот „Хилтон“ за почетокот на подготовките за квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Лихтенштајн и Велс. Сепак, фудбалот овие денови е во втор план поради страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 лица. Ужасниот настан остави длабок печат врз целата земја, а неговото влијание беше очигледно и кај фудбалерите, како за време на собирот, така и на тренингот. „Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“, објави ФФМ.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |