March 17, 2025 | | Македонија
Вардар, најтрофејниот македонски клуб, и српскиот шампион Црвена Звезда ќе се соочат во хуманитарен натпревар на 16 април во Скопје. Овој фудбалски спектакл ќе има благородна цел – сите собрани средства ќе бидат донирани за семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. Врските меѓу двата клуба се длабоки, особено со оглед на тоа што легендите како Дарко Панчев и Илија Најдоски ги носеа дресовите на Вардар и Црвена Звезда, а со белградскиот клуб стигнаа и до европскиот и светскиот врв. Воедно, селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, денеска објави дека ќе предложи дополнителен пријателски дуел меѓу репрезентациите на Македонија и Србија, исто така со хуманитарен карактер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |