Големата маана на Салах: Статистички „се губи“ во големите натпревари!

March 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Големата маана на Салах: Статистички „се губи“ во големите натпревари!

Ливерпул пропушти можност да го освои првиот трофеј оваа сезона, откако во финалето на Карабао купот беше поразен од Њукасл Јунајтед со 2-1. По мечот, многу фудбалски аналитичари упатија критики кон Мо Салах, кој е меѓу најдобрите играчи на Ливерпул оваа сезона, но во ова финале целосно разочара – не создаде ниту една шанса, ниту пак упати удар кон голот. Дополнително, статистиката открива дека Салах не е играч кој блеска во финални натпревари. На 11 досегашни финалиња, Египќанецот нема постигнато гол од игра, а единствените два погодоци против Манчестер Сити и Тотенхем ги реализираше од пенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.