Перез држи сѐ под конец: Ѝ помогнал на Барса да го регистрира Олмо

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Перез држи сѐ под конец: Ѝ помогнал на Барса да го регистрира Олмо

Барселона оваа зима се соочи со сериозни проблеми при регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, па двајцата останаа без право за настап во сите конкуренции. Клубот водеше жестока битка со раководството на лигата во обид да ја обезбеди нивната регистрација. По долга правна битка во која беа вклучени и судските органи, на крајот Барселона успеа, а Олмо и Виктор конечно добија зелено светло за настап, барем привремено до месец април. Сепак, сега се откриваат нови информации. Имено, Флорентино Перез одиграл клучна улога во успехот на најголемиот ривал. Првиот човек на Реал Мадрид имал значително влијание во тоа Барселона да добие неопходните мерки за регистрација на играчите. „Пред финалето во Суперкупот, Перез директно го повика претседателот на ЦДС да го поттикне за да го прифати барањето на Барселона“, откри Радио Каталуња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.