March 18, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед објави ново покачување на цените на билетите за 5% за следната сезона, што претставува трета последователна година со ваква одлука. Раководството на клубот ја воведе оваа мерка со цел да ги испочитува правилата за финансиска одржливост. Оваа одлука дополнително ги налути навивачите, кои веќе неколку пати протестираа против високите цени на билетите на „Олд Трафорд“. Иако цените за младите до 16 години ќе останат исти, попустот за пензионерите над 66 години ќе биде намален на 25% од досегашните 50%. Дополнително, паркинг таксите ќе се зголемат за 15%. Клубот воведува и категоризација на билети според профилот на натпреварите за подобро прилагодување на цените. Извршниот директор, Омар Берада, изјави дека Јунајтед се трудел да воспостави „фер и разумен“ ценовен модел.
ℹ️ We have today confirmed our season ticket prices for the 2025/26 men's team campaign.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) March 17, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |