March 18, 2025 | | Македонија
На плоштадот во Кавадарци, утре од 9 часот, ќе биде отворена книга на жалост во чест на фудбалерот Андреј Лазаров, потврдија од Општинскиот фудбалски сојуз. Лазаров во својата кариера го носеше дресот на Тиквеш, па со овој чин, клубот и градот сакаат да му оддадат почит. „Општинскиот фудбалски сојуз – Кавадарци, утре од 9 часот на градскиот плоштад во Кавадарци ќе постави книга на жалост во чест на прерано згаснатиот живот на НАШИОТ ХЕРОЈ – АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ кој даде огромен придонес со своите настапи за ГФК Тиквеш и фудбалот во град Кавадарци. Да дадеме последна почит за вечно да го паметиме Андреј“, стои во објавата на социјалните мрежи. Претходно, книга на жалост за Лазаров отвори и хрватскиот клуб Горица, од каде што летово се пресели во Шкупи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |