March 19, 2025 | | Свет
Пол Сколс, легендата на Манчестер Јунајтед, даде свое мислење за новото раководство под водство на Џим Ратклиф, изразувајќи одредена загриженост за финансиската состојба на клубот. „Иако луѓето мислат дека Јунајтед е богат клуб, понекогаш изгледаме како да просиме. Долго време важевме за еден од најбогатите клубови во светот, а сега бараме финансии за стадион кој чини две милијарди евра, додека ги продаваме играчите за да донесеме нови“, истакна Сколс. Тој додаде дека е лесно да се поверува во зборовите на Ратклиф, бидејќи ретко кој друг од клубот зборува јавно. „Зборовите се ефтини, можете да кажете било што – дека за десет години ќе имате најубав стадион, но колку е тоа реално?“ И покрај континуираните големи инвестиции во засилувања, Манчестер Јунајтед останува далеку од посакуваното ниво, а ни доаѓањето на Рубен Аморим не донесе брзи промени.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |