March 19, 2025 | | Македонија
Првата средба на ФК Шкупи по трагичната загуба на нивниот фудбалер Андреј Лазаров беше исполнета со емотивни моменти. Тимот се собра во Чаир со цел да продолжи со подготовките за остатокот од сезоната во Првата македонска лига, но атмосферата беше тажна, а солзите неизбежни. Играчите не можеа да ја скријат својата болка по загубата на 25-годишниот соиграч, кој трагично го загуби животот во пожарот што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, однесувајќи 59 млади животи. Фудбалерите пристигнаа на теренот, но скршени од емоции, побараа тренингот да биде откажан, што клубот и прифати. На официјалната страница на Шкупи беа објавени фотографии што ја прикажуваат тагата и жалоста во соблекувалната. „Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денес се обидовме да се вратиме на тренинзите на тимот. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Продолжението на сезоната ќе ни биде најтешко, но ќе се бориме со тоа, и ќе играме во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!“, порачаа од Шкупи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |