March 20, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед се интересира за Џоб Белингем, помладиот брат на Џуд, кој во моментов настапува за Сандерленд. Џоб ја започна својата фудбалска приказна во Бирмингем, а пред две и пол години направи трансфер во Сандерленд за нешто помалку од два милиони евра. За разлика од својот постар брат, тој е дефанзивен играч за врска, но оваа сезона се истакна со четири постигнати гола и три асистенции во Чемпионшип. Освен Јунајтед, и други клубови го следат талентираниот фудбалер, но токму тимот од „Олд Трафорд“ во моментов изгледа како најсериозен кандидат за негов ангажман. Сандерленд има можност да заработи значителна сума од неговата продажба, бидејќи моментално неговата пазарна вредност се проценува на околу 18 милиони евра. Белингем има уште три години од договорот со клубот, што им дава предност во можните преговори за неговата иднина.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |