Италијанците тврдат: Заминува Консеисао, доаѓа Алегри

March 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Италијанците тврдат: Заминува Консеисао, доаѓа Алегри

Масимилијано Алегри, еден од најтрофејните италијански тренери, повторно ќе работи во Серија А, пренесуваат медиумите од Апенинскиот полуостров. Според нивните извори, тој постигнал договор за враќање на клупата на Милан, а во моментов се финализираат последните детали од спогодбата. Ако ова се реализира, Алегри ќе се врати во клубот кој го предводеше од 2010 до 2014 година, освојувајќи една титула во Серија А и Суперкупот на Италија. Ова исто така значи дека португалскиот стратег ќе ја заврши својата авантура во Милан летово, откако ја презеде екипата на почетокот од 2025 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.