Репрезентативците пристигнаа во Швајцарија (ВИДЕО)

March 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Репрезентативците пристигнаа во Швајцарија (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска пристигна во Бад Рагаз, мал швајцарски град сместен во регионот на Сент Гален, каде што ќе ги продолжи подготовките за натпреварот против Лихтенштајн. Ова место е во непосредна близина на Вадуц, па македонските фудбалери ќе останат тука сè до саботниот дуел. Утре репрезентацијата ќе отпатува до Вадуц, каде што ќе го одржи единствениот тренинг и официјалната прес-конференција пред натпреварот. Овој меч ќе биде прв за Македонија во квалификациите за Светското првенство 2026, а нашата селекција влегува како изразит фаворит.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.