March 21, 2025 | | Свет
Во завршницата од натпреварот помеѓу Хрватска и Франција, дојде до интересен момент помеѓу Лука Модриќ и Килијан Мбапе. Хрватската репрезентација забележа значајна победа од 2-0 против „триколорите“ на свој терен во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на нации. Пред самиот крај на мечот, се одигра интересен дуел помеѓу двајцата соиграчи од Реал Мадрид. Мбапе се ослободи од еден противник и се упати кон голот, но во последен момент Модриќ со прецизен старт ја исфрли топката во корнер. Францускиот напаѓач веднаш падна на тревата, очекувајќи пенал, но тоа не му се допадна на хрватскиот капитен, кој бурно реагираше и му се внесе во лице, покажувајќи му дека таквите потези не се прифатливи. Видеото погледнете го ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |