March 21, 2025 | | Свет
Во Копенхаген, Данска извојува значајна победа од 1-0 против Португалија во првиот натпревар од плејофот во Лигата на нации, а херој на вечерта беше напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Младиот напаѓач го постигна единствениот погодок во 78. минута, а неговото славење предизвика големо внимание бидејќи ја имитираше препознатливата прослава на Кристијано Роналдо, кој беше на спротивната страна. По натпреварот, многумина го обвинија Хојлунд дека намерно го провоцирал португалската ѕвезда, но тој ги отфрли овие тврдења, нагласувајќи дека немал таква намера. „Не сакав да провоцирам никого, секогаш велев дека Кристијано има големо внимание врз мојата фудбалска кариера. Неверојатно е тоа што успеав да постигнам гол против него. Во 2009 година видов како погодува од слободен удар и оттогаш сум негов фан“, рече Хојлунд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |