March 21, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација го започнува својот пат во квалификациите за Светското првенство 2026 година, а првиот противник ќе биде селекцијата на Лихтенштајн, која на хартија важи за голем аутсајдер. Нашите фудбалери, заедно со стручниот штаб, веќе пристигнаа во Вадуц, каде ќе се одигра воведниот натпревар. Сепак, атмосферата во тимот не е вообичаена, бидејќи целата експедиција е под силно влијание на трагедијата што ја потресе Македонија. По катастрофалниот пожар во дискотека во Кочани, во кој животот го загубија 59 луѓе, а многумина беа повредени, македонските репрезентативци одлучија во знак на почит и солидарност натпреварот да го одиграат во црни дресови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |