Постигна гол во 94. минута за триумф над САД, ги прескокна рекламите и му се фрли на Анри! (ВИДЕО)

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Постигна гол во 94. минута за триумф над САД, ги прескокна рекламите и му се фрли на Анри! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена се одигра во полуфиналниот натпревар меѓу Панама и САД, кога Вотермен во 94. минута го постигна победничкиот гол и ѝ донесе на својата репрезентација историски пласман во финалето на КОНКАКАФ Лигата на нации. Се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови и ќе оди во продолженија, но Панамците во последните секунди постигнаа погодок и ја елиминираа американската репрезентација со минимални 1-0. Во еуфоричната прослава, Вотермен ги прескокна рекламите и заврши во отвореното студио каде што се наоѓаше Тиери Анри, славниот Французин, со кого го прослави голот. По него, пристигнаа и останатите соиграчи. По натпреварот, стрелецот повторно му пријде на Анри, му подари дрес и му призна дека му бил голем фудбалски идол. Легендарниот Французин возврати со ветување дека ќе му испрати дрес од Арсенал. Во финалето, Панама ќе се соочи со селекцијата на Мексико, која во второто полуфинале со 2-0 ја совлада Канада.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.