Вардар исплати уште 230.000 евра од долговите

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар исплати уште 230.000 евра од долговите

Раководството на АД ФК Вардар Скопје продолжува со реализација на своите приоритети од моментот на преземањето на клубот, посветувајќи внимание на финансиската, организациската и резултатската стабилност. Во објавата на клубот се нагласува дека управниот тим останува решен да ја обезбеди финансиската стабилност и да ги намали долговите што ги наследиле од претходните раководства. Главната цел е заштита на буџетот, угледот и иднината на најголемиот спортски бренд во државата. Листа на имиња на кои вкупно се исплатени околу 230.000 евра. Матеј Цветановски – 5.854.019 ден. (95.187€) Панче Георгиевски – 3.247.849 ден. (52.810€) Мирко Спасевски – 2.363.633 ден. (38.433€) Паркленд Груп – 690.379 ден. (11.225€) Саша Илиќ – 622.087 ден. (10.115€) Фан Зона Локомотива – 942.453 ден. (15.324€) Ахема Д.О.О. – 221.745 ден. (3.605€) Телеком – 146.777 ден. (2.386€)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.