Јовиќ ја спаси Србија: Гол во 95. минута за реми против Словенија (ВИДЕО)

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јовиќ ја спаси Србија: Гол во 95. минута за реми против Словенија (ВИДЕО)

Србија успеа да дојде до бод против Словенија во 95. минута со голот ја Лука Јовиќ од корнер. Србите имаа шанси и реално не заслужија пораз. Митровиќ се најде во неколку ситуации каде успеа да погоди и пречка. Последниот натпревар од групната фаза Србија ќе го одигра против Данска, а Словенците ќе се сретнат со Англија. И во првиот дуел Англичаните не покажаа ништо повеќе од Србите, но тогаш Србија изгуби со минимален резултат. Србија останува последна на табелата во групата Ц со еден бод, а Словенците се на второто место со два бода, а ќе го чекаат и резултатот од дуелот меѓу Англија и Данска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.