Хендикеп за Бразил: Алисон доживеал потрес на мозокот

March 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Хендикеп за Бразил: Алисон доживеал потрес на мозокот

Бразилскиот голман Алисон Бекер ја напушти репрезентацијата и се врати во Ливерпул поради повреда што ја заработи на натпреварот против Колумбија. Во 78. минута од натпреварот, по судирот со Дејвисон Санчез, Алисон беше заменет поради сомнежи за потрес на мозокот. Поради тоа, тој предвреме е испратен назад во својот клуб за дополнителни лекарски прегледи. Англиските медиуми објавија дека Бекер нема да биде во конкуренција за настап во дербито против Аргентина на 26 март во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.