Се огласи Хулијан Алварез за поништениот пенал: „Го видов моментот илјада пати“

March 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Се огласи Хулијан Алварез за поништениот пенал: „Го видов моментот илјада пати“

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, за првпат проговори по контроверзното поништување на неговиот гол од пенал против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Тој истакна дека правилата треба да бидат појасни за вакви ситуации. Натпреварот во кој Реал го елиминираше Атлетико во ЛШ донесе многу дискусии, а главна тема беше токму пеналот на Алварез. Голот беше поништен поради двоен контакт при изведбата, што го потврди ВАР-системот. По натпреварот помеѓу Уругвај и Аргентина, Алварез конечно се огласи и даде свое видување за ситуацијата. „Ја прегледав снимката илјада пати, има различни агли и снимки. Јас воопшто не почувствував дека имаше двоен контакт.“ „Ако навистина постоеше двоен контакт, тогаш бил толку минимален што дури и јас не можев да го забележам. Но, тоа е што е.“ „Мислам дека правилата треба да бидат појасни, бидејќи во ниту еден момент не се обидов да стекнам предност.“ „На пример, кога голманот ќе излезе пред линијата и ќе одбрани пенал, тогаш изведбата се повторува. А во мојот случај, немаше никаква намера за предност, а сепак, голот беше поништен. Жалосно е што заврши така“, рече Алварез.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.