March 22, 2025 | | Македонија
Фудбалската селекција на Македонија успешно го стартуваше квалификацискиот циклус за Светското првенство 2026, славејќи со убедливи 0-3 на гостувањето кај Лихтенштајн. Натпреварот во Вадуц беше одбележан со целосна контрола на теренот, три прецизни погодоци и достоинствена почит кон жртвите од трагичниот настан во Кочани. Селекторот Благоја Милевски изрази задоволство од постигнатиот резултат, но веднаш го насочи вниманието кон претстојниот дуел со Велс во Скопје. „Сакам да им честитам на моите играчи, бидејќи и покрај околностите и тешката ситуација, покажаа карактер и одиграа максимално професионално. Бевме свесни дека Лихтенштајн ќе биде добро организиран во одбраната, но одговоривме со добра физичка, тактичка и ментална подготовка. Трите освоени бода се значајни, но уште поважно беше како пристапивме кон овој натпревар“, изјави Милевски. Тој најави дека тимот веќе е фокусиран на следниот предизвик против Велс, потенцирајќи дека тоа ќе биде тежок дуел, не само поради квалитетот на противникот, туку и поради актуелната ситуација. „Имаме интересна група каде секој тим може да се бори за подобар пласман. Натпреварот со Велс ќе биде сосема поинаков, но верувам дека ќе одговориме со истата посветеност, и физички и психички“, заклучи македонскиот селектор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |