March 22, 2025 | | Македонија
Приходот од продажбата на билети за натпреварот Македонија – Велс ќе биде дониран на семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Македонската репрезентација денеска оствари убедлива победа од 3-0 против Лихтенштајн, а во вторник од 20:45 часот ја пречекува селекцијата на Велс во рамките на второто квалификациско коло за СП 2026. „Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на загинатите во страшната трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, ФФМ одлучи приходот од билетите за дуелот со Велс да биде дониран за повредените и семејствата на загинатите“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |