Омерагиќ: Да продолжиме заедно со верба за Македонија

March 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Омерагиќ: Да продолжиме заедно со верба за Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, им упати честитки на македонските фудбалери и стручниот штаб за триумфот против Лихтенштајн, извојуван во моменти на тага поради трагедијата во Кочани. „Од срце честитки за борбеноста, карактерот и заслужената победа. Оваа победа не е само за фудбалерите, туку и за стручниот штаб и нашите неверојатни навивачи. Благодарност до сите“ – изјави Омерагиќ. Тој потврди дека приходот од билетите за натпреварот против Велс на 25 март во Скопје ќе биде дониран за семејствата на загинатите. „Фудбалот е повеќе од игра – обединува и помага. Се гледаме во вторник на Националната арена“, порача претседателот на ФФМ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.