Навивачите на Челси шокирани: Не можеа да ја препознаат бразилската ѕвезда (ФОТО)

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите на Челси шокирани: Не можеа да ја препознаат бразилската ѕвезда (ФОТО)

На „Енфилд Роуд“ се одигра „натпреварот на легендите“ меѓу поранешни играчи на Ливерпул и Челси, а домаќините славеа со 2:0. Сепак, резултатот остана во сенка поради изгледот на еден бразилски фудбалер. Рамиреш, кој своевремено беше еден од најдобрите фудбалери на Челси, помина шест години на „Стемфорд Бриџ“, вклучувајќи го и периодот кога Жозе Мурињо ја имаше својата втора етапа во клубот. Фановите најмногу го паметат по мајсторскиот погодок против Барселона на „Камп Ноу“, но овојпат ги изненади со својата појава на хуманитарниот меч. Десет години по неговото заминување од Челси, многумина не можеа да го препознаат Рамиреш, а споредбите на социјалните мрежи само го нагласија тоа. Во моментов, 37-годишниот Бразилец е надвор од фудбалот, а последниот клуб за кој настапуваше беше Палмеираш пред пет години.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.