ФФМ до навивачите: Вие сте инспирација! (Видео)

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФФМ до навивачите: Вие сте инспирација! (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија изрази благодарност до навивачите кои во значителен број присуствуваа на трибините во Вадуц, Лихтенштајн. „Драги навивачи на македонската репрезентација, Искрена благодарност до сите вас кои бевте нашата поддршка и сила во овие тешки моменти. Вашата посветеност и љубов кон македонската репрезентација ни значат повеќе отколку што можеме да напишеме. Вие сте инспирација. Од срце ви благодариме за поддршката. До следниот натпревар. Напред Македонија“, порачаа од ФФМ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.