June 20, 2024 | | Свет
Следниот дуел на Англија е против Данска а дуелот започнува од 18:00 часот. Англија во првото коло „на мускули“ ја совлада Србија минимално, а Данска одигра нерешено со Словенија 1-1. Денес Англија треба да покаже зошто се сметаат за фаворити на Европското првенство и ќе имаат шанса да го поправат впечатокот од првото коло каде одиграа очајно, но победија. Во однос на составите, Англија излезе со истиот состав од првото коло, а Данска има една измена каде за разлика од првото коло кога играше Бах, сега на негово место ќе игра Кристијансен. Англија (4-2-3-1): Пикфорд, Вокер, Гуехи, Стоунс, Трипие, Арнолд, Рајс, Сака, Белингем, Фоден, Кејн. Данска (3-4-1-2): Шмајхел, Андерсон, Кристенсен, Вестергард, Мае, Хјулманд, Хојбјерг, Кристиансен, Ериксен, Винд, Хојлунд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |