March 23, 2025 | | Македонија
Во вторник, македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра својот втор квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 година, пречекувајќи ја селекцијата на Велс на Арената „Тодор Проески“ во Скопје (20:45 часот). Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, вчера објави дека сите приходи од продажбата на влезниците за овој натпревар ќе бидат донирани на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Кочани, каде во пожар во дискотека животот го загубија 59 лица, а околу 170 беа повредени. Според најновите информации, досега се продадени околу 18.000 билети, додека капацитетот на стадионот изнесува 34.460 места, пренесува СпортСпорт. Цените на влезниците се 300 и 400 денари, додека билетите од прва категорија (15 блок на северната трибина) чинат 900 денари. Очекувањата се дека македонските навивачи ќе ги наполнат трибините во знак на поддршка за погодените семејства. Овој натпревар ќе биде уште една можност за испраќање порака дека заедно можеме повеќе – единството и солидарноста се најважни.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |