March 23, 2025 | | Свет
Раководството на „старата дама“ донесе одлука за смена на Мота, а официјалната потврда за неговото заминување стигна денес. Неговата позиција ќе ја преземе Игор Тудор, кој ќе го предводи тимот до крајот на сезоната. Мота, кој има бразилско и италијанско државјанство, пред неколку месеци потпиша договор со Јувентус до јуни 2027 година. Според извештаите, неговата годишна плата се движи меѓу 4 и 5 милиони евра, а дополнително треба да се земат предвид и примањата на неговиот тренерски персонал. Ова значи дека отказот ќе чини околу 20 милиони евра. Иако тоа ќе предизвика финансиски трошок, загубата би била уште поголема доколку Јувентус не избори пласман во Лигата на шампионите. Настапот во најелитното европско натпреварување носи минимум 50 милиони евра, па доколку клубот обезбеди место во Топ 4, брзо ќе го надомести финансискиот удар од разделбата со Мота.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |