Слога и Гостивар ќе одиграат хуманитарен меч наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Слога и Гостивар ќе одиграат хуманитарен меч наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Фудбалскиот клуб Слога 1934 од Виница ќе организира хуманитарен пријателски натпревар против екипата на Гостивар, со цел да се соберат средства за семејствата на трагично загинатите во несреќата во Кочани. Овој натпревар ќе се одигра утре, 24 март, со почеток во 15:00 часот, на Градскиот стадион во Виница. Организаторите ги повикуваат сите граѓани, навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да дојдат во што поголем број и да дадат поддршка на оваа хуманитарна акција. „ФК Слога 1934 Виница ја известува фудбалската јавноста дека собраните средства од овој хуманитарениот натпревар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани. Ги повикуваме сите наши граѓани, навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да дојдат во што поголем број и учествуваат во оваа хуманитарна акција“, порачаа од ФК Слога 1934.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.