March 23, 2025 | | Свет
Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов учествуваше на ревијален натпревар за Херенвен, каде на посебен начин им оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани, а особено на младиот фудбалер Андреј Лазаров.
Попов настапи со дрес со број три, но наместо неговото име, на грбот стоеше името на Лазаров, симболичен гест во чест на загинатиот македонски фудбалер.
Холандскиот клуб го повика Попов да биде дел од овој специјален натпревар, кој се одигра по повод 30-годишнината од изградбата на стадионот „Абе Ленстра“.
Македонецот беше дел од Херенвен во текот на две сезони, пред да ја продолжи својата кариера во Динамо Киев.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |