„Автобусот“ на Англија го чинеше гол, Данска даде гол од 28 МЕТРИ! (ВИДЕО)

June 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Автобусот“ на Англија го чинеше гол, Данска даде гол од 28 МЕТРИ! (ВИДЕО)

Дефанзивниот пристап на Англија го чинеше гол од 30 метри против селекцијата на Данска. Откако Кејн во 18. минута погоди, Англија се повлече и го најави истиот пристап како против Србија. Но, и Данска има што да каже па така во 34. минута Хјулманд постигна неверојатен гол од 28 метри. Англичаните делуваат неповрзано, без енергија и понатаму играат со што е можно помал ризик, нешто што нивниот селектор Саутгејт го преферира. Резултатот на полувреме е 1-1, а во второто полувреме се очекува Англија да нападне. Во прилог погледнете ги двата гола досега на натпреварот:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.