March 24, 2025 | | Македонија
Трагичната загуба на Андреј Лазаров остави неизбришлива празнина во македонскиот фудбал, но неговиот клуб Шкупи направи чекор кој ќе го одржи неговото име засекогаш запаметено. Во чест на својот поранешен играч, клубот од Чаир донесе одлука да го повлече дресот со број 77, кој Лазаров гордо го носеше на грбот. Со овој симболичен потег, Шкупи ја следи иницијативата на Тиквеш, покажувајќи дека вистинските херои никогаш не се забораваат. Но, почитта не застанува тука – клубот истакна дека целосниот договор на Лазаров ќе биде исплатен на неговото семејство, како гест на благодарност за неговата посветеност и љубов кон фудбалот. „ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот. Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи. Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, објави Шкупи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |