Тудор сам возел 10 часа само за да потпише за Јувентус за 500.000 евра!

March 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тудор сам возел 10 часа само за да потпише за Јувентус за 500.000 евра!

Игор Тудор и официјално е новиот стратег на Јувентус, а неговото пристигнување во Торино е проследено со интересни детали кои го одразуваат неговиот ентузијазам и посветеност. Според италијанските медиуми, хрватскиот тренер сам возел десет часа за да стигне во Торино во неделата навечер и што побрзо да го стави потписот на договорот. До крајот на сезоната ќе инкасира 500.000 евра, а во договорот е вклучена клаузула според која може да остане уште една сезона – доколку Јувентус избори место во Лигата на шампионите. Ако тоа не се случи, клубот има рок до 30 јули да ја прекине соработката без дополнителни обврски. Тудор веќе денеска се запозна со навивачите и веднаш го одржа првиот тренинг со тимот. Ова не му е прво искуство со „старата дама“ – во сезоната 2020/21 беше асистент на Андреа Пирло, а како играч носеше црно-бел дрес. Сега ја презема екипата во исклучително тежок период, по двата шокантни порази (0-4 од Аталанта и 0-3 од Фиорентина). Јувентус моментално се наоѓа на петтата позиција во Серија А, со само еден бод помалку од Болоња, која го држи последното место што води во елитното европско натпреварување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.