Вардар ги соопшти цените на билетите за натпреварот со Црвена звезда

March 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар ги соопшти цените на билетите за натпреварот со Црвена звезда

Претседателот на Вардар, Миленко Неделковски, официјално ги откри деталите за цените на билетите за големиот хуманитарен натпревар против Црвена звезда, кој ќе се одигра на 16 април. Според неговото соопштение, љубителите на фудбалот ќе можат да ги набават билетите по следните цени: 200 денари за јужната и северната трибина, додека за запад и исток цената е 100 денари. Посебен гест на клубот е тоа што основците од Кочани, кои ќе дојдат организирано, ќе имаат бесплатен влез – потег со кој Вардар сака да покаже солидарност и поддршка кон градот кој неодамна беше погоден од трагедија. Дополнително, Неделковски се осврна и на враќањето на долговите, најавувајќи нова тура исплати. „Клубот сериозно се впушти во финансиската консолидација, што пред се значи исплаќање на пари кон луѓето што ни ја имаат блокирано сметката со извршни решенија. Лично, како човек, ме погодува фактот дека НИТУ ЕДЕН од тие што примија огромни суми на пари не најде за сходно еден мал дел (од каматите ако не од главницата) да донира за фамилиите на настраданите од Кочанската трагедија?! Или да донира за деца без родители, или за Младинската школа на Вардар!!! За жал, тоа е реалноста за тие ликови. Одблокирањето продолжи и денеска:

  1. Билјана Блажевска – 1.662.502 денари
  2. Телеком – 181.212 денари
  3. Сарана Трејд – 2.314.142 денари
  4. Бојан Захариев – 1.400.000 денари плус камати.
Информација за оние што се интересираат за билети за хуманитарниот со Ц. Ѕвезда: Билетите ќе се продаваат исклучиво преку платформа (исто како што ФФМ сега продава за Велс). Југ и Север 200 денари, Запад и Исток 100. Бесплатно за децата од основните школи од Кочани што организирано би дошле. Сите други плаќаат, почнувајќи од мене и Претседателот на ФФМ до секој добронамерник и хумана личност што ќе дојде на натпреварот”, стои во соопштението на Миленко Неделковски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.