March 24, 2025 | | Свет
Македонската фудбалска репрезентација ја отвори квалификациската кампања со убедлива победа од 3:0 против Лихтенштајн, а еден од хероите на натпреварот беше напаѓачот на Жирона, Бојан Миовски. Тој се запиша во листата на стрелци во самиот финиш, поставувајќи го конечниот резултат и заокружувајќи ја доминантната вечер за „рисовите“. Неговиот гол не остана незабележан – беше прогласен за втор најубав погодок во првото квалификациско коло за Светското првенство. Македонија веќе утре ја очекува нов предизвик – дуел против Велс на домашен терен, со почеток од 20:45 часот. „Рисовите“ ќе имаат шанса да ја продолжат победничката серија и да ги задржат надежите за пласман на светската фудбалска сцена.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |