Десниот бек на Ливерпул, Трент Ð..." />
March 24, 2025 | | Свет
Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, се чини дека ги живее последните месеци како играч на „црвените“. Според најновите информации од швајцарски „Скај Спорт“, тој веќе постигнал договор со Реал Мадрид за петгодишна соработка, со годишна плата од 15 милиони евра и дополнителни бонуси зависни од неговите перформанси.
Ливерпул неколкупати се обиде да го задржи својот стандарден дефанзивец, но сега веќе е јасно дека битката е загубена. Клубот веќе почна да ја планира иднината без него и го насочи својот фокус кон замената – Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен.
Тренерот Арне Слот веќе воспоставил контакт со својот сонародник, а во наредниот период е закажана и директна средба. Ливерпул подготвува официјална понуда за 22-годишниот бек, а Леверкузен бара сума од 40 до 50 милиони евра за да се раздели со својот брзоног дефанзивец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |